Кои сме ние?
kajbosko.mk е регистрирана во 2025 година од страна на фирмата СУПЕР МАРИО-2017 ДООЕЛ од Штип. Наша цел е да создадеме интернет простор каде што клиентите ќе имаат лесен пристап до понудата на нашиот цел асортиман на производи што ги нудиме. Довербата ја стекнуваме со квалитетно и професионално работење, и со понуда на производи со исклучително висок квалитет.
Пристап и ажурирање на податоци
Со пристап до нашата веб страница можете вашите податоци да ги дополнувате и ажурирате.
Никогаш нема да ви биде побарано лозинката, корисничкото име, информациите за кредитна картичка или други лични податоци преку е-пошта. Ако добиете порака која се чини дека доаѓа од нас, но се бараат вашите лични податоци, не треба да одговарате.
Кога ги ажурираме вашите лични податоци, можеме да побараме од вас прво да го потврдите вашиот идентитет за да може да се исполни вашето барање.
Во врска со податоците кои се обработуваат од наша страна, Вие како субјект на личните податоци имате право:
- Да дознаете дали се обработуваат или се обработувани вашите лични податоци,
- Доколку се обработуваат можете да добиете информации за нив,
- Да ја дознаете целта на обработувањето на вашите податоци и дали се користат според нејзината цел,
- Доколку се погрешни можете да побарате да се ажурираат вашите податоци,
- Може да побарате вашите обработени податоци да бидат избришани или уништени
- Да се информирате за рокот на чување кој е наведен погоре во оваа Политика
- Да бидете информирани за нарушување на безбедноста на личните податоци
- Да бидете информирани дали Вашите лични податоци се даваат на трети физички или правни лица како и дали се пренесуваат во трети земји
Кои лични податоци ги собираме и зошто ги собираме
1. Контакт форма
Ако оставите коментар на нашата страна, може да се зачуваат податоци како вашето име, адреса на е-пошта и веб-локација во колачиња. Се користат во случај да оставите друг коментар или оцена, да не морате повторно да ги пополнувате истите податоци. Овие колачиња траат една година.
2. Кои права ги имате на вашите податоци кои ги собираме
Доколку имате корисничка сметка на нашата страна или имате оставано коментари, можете да побарате да добиете датотека со личните податоци што ги чуваме, вклучувајќи ги и сите податоци што ги имате поднесено. Исто така може да побарате да ги избришеме сите лични податоци кои ги имаме за вас. Не се вклучени податоците што сме обврзани да ги чуваме за административни, правни или безбедносни цели.